Lamborghini произведе 10.000 примероци на Aventador

Lamborghini објави дека штотуку го произведе јубилејниот, 10.000 примерок на  својот најпопуларен модел Aventador…

Потсетуваме Aventador се појави на пазарот во 2011 година, а штотуку произведениот, јубилеен примерок на Aventador SVJ Roadster е во Grigio Acheso боја.

Исто така има и Rosso Mimir детали на надворешноста, но исто така и Ad Personam Rosso Alala ентериер.

Под хаубата на овој супер спортски автомобил се наоѓа 6,5 атмосферски V12 мотор кој развива 770 КС и 720 Nm.

Тој достигнува 100 км на час за само 2,9 секунди и постигнува максимална брзина од 351 км на час.

Возилото ќе биде доставено до клиент во Тајланд и нема сомнеж дека тој навистина ќе ужива во тоа…

Инаку тоа не е единствен модел на компанијата од Санта Агата Болонезе што ја достигна оваа цифра, неодамна тоа го „стори“ попиларнуит SUV – Lamborghini Urus, а пред тоа и моделот  Huracan

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro