Lamborghini со тизер на нов хипер автомобил во лимитирана серија!

Производителот на супер спортски автомобили од Санта Агата Болоњезе лансира видео каде низ сенки е покажан тизер на автомобил базиран на, Aventador моќен 830 КЅ- ривал на Ferrari FXX K и наменет само за тркачки патеки…

Тимот за развој на тркачки автомобили на италијанската марка – Lamborghini’s Squadra Corse race development team покажа тезер на нов хипер автомобил што ќе се произведе во строго лимитирана серија.

Како и единствениот Lamborghini SC18 од ноември минатата 2018 година, оваа последна специјална едиција ќе се однесува на модел базиран врз Aventador SVJ и ќе има мноштво од козметички дотерувања и многу унапредени перформанси.

Стилските ревизии врз Aventador SVJ вклучуваат комплетно редизајниран „нос“  со голем сплитер (разделник за воздух), нови отвори за воздух и како и прани плочки наместо светлосните предни групи, со што дополнително се потенциреа податокот дека овој хипер автомобил ќе биде наменет за возење само на тркачките патеки .

 

Тука се исто така и големите отвори за воздух за моторот монтирани на поклопецот, сето од уникатни фелни од лесни легури со централен клуч, како и огромно задно крило, што по се изгледа е изработено од карбонски влакна.

Најдобрите хипер автомобили на пазарот

Од Lamborghini велат дека хипер автомобилот ќе биде задвижуван од атмосферски бензинец со работен волумен од 6.5-литри, со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, што произведува моќ од 830 КЅ. Тоа е агрегат што во основа е истиот што се вградува и во Aventador SVJ, освен што ќе има пакет на подобрувања на перформансите а резултатот на сето тоа се отсликува во зголемување на моќта за не мали 60 КЅ.

Се предвидува дека овој атмосферски агрегат ќе доаѓа во комбинација со секвенционална менувачка кутија, како и со преработената верзија на стандардниот систем со погон на сите четири тркала, за да се обезбедат супериорни возни карактеристики и за поголема стабилност при управување при екстремно високи брзини на тркачките патеки.

Инаку од италијанската работилница, во сопственост на автомобилскиот концерн Volkswgan Group најавија дека автомобилот ќе биде достапен на  пазарот во текот на наредната 2020 година.

Мора да признаеме дека со нетрпенија го очекување појавувањето на овој хипер тркач што во логото ќе го носи  препознатливиот „разгневен бик“ од Санта Агата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа