Lamborghini Urus за четири години продаден во 16.000 примероци

Lamborghini има одлична причина да го одбележи и прослави четвртиот роденден на моделот Urus, бидејќи теренецот со високи перформанси веќе го најде својот пат до 16.000 клиенти…

Lamborghini на 4 декември 2017 година премиерно го прикажа сериското издание на моделот Urus, а со прославата на четвртиот роденден на Urus во италијанската автомобилска компанија задоволно тријат раце, бидејќи нивниот „SuperSUV“ веќе го купиле 16.000 клиенти. ширум светот.

Со тоа што Lamborghini никогаш во период од четири години не испорачал голем број примероци од ниту еден од своите модели, интересно е што дури 85 отсто од купувачите на Urus првпат купуваат автомобил Lamborghini, што во некоја рака и не им е по волја на тврдокорните поклоници на брендот што Lamborghini го доживуваат на поинаков начин.

Потегот на Lamborghini, кога во подготовките за почеток на производството на Urus во Lamborghini, тие го удвоија производствениот капацитет на фабриката во Сант’Агата Болоњезе и вработија уште 700 работници.

Сега е очигледно дека тоа и тоа како им се исплатело, бидејќи Urus урива рекорди во продажба и е најзаслужен за профитот што Lamborghini го направи во последните години.

Иако се уште не е официјално потврдено, Urus од следната година би требало да биде достапен во „plug-in“ хибридна верзија во која се споменуваат околу 820 КС.

Засега и понатаму го придвижува 4,0-литарски biturbo бензински мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V со моќ од 650 КС, што е доволно за супериорни перформанси- максимална брзина од 305 km/h и забрзување од место до 100 км/ч за само 3,6 секунди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Редок класичен Chevrolet Corvette