Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Завршен е уште еден рестомод проект, a станува збор за италијанската убавица – Lancia Aurelia Outlaw European CSL, за кој е одговорен Торнли Келхам…

Торнли Келхам (Thornley Kelham) најавува дека ќе бидат направени само три примероци, но цената не е наведена во кратката вест.

Во секој случај, автомобилот се придвижува од бензински мотрор со работен волумен од 3,2-литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V што испорачува моќ од 224 kW / 304 КС (оригиналната Aurelia располагала спо моќ од 88 kW / 120 КС).

Новиот рестмод својот агрегат го комбинира со пет (5) брзински менувач.

Меѓу промените треба да се издвојат:  модифицирана суспензија, модерни диск сопирачки, подобрен систем за управување, опционално серво волан, нови педали, LSD диференцијал, заштитен кафез, повеќе опции за предните седишта, клима уред, како и Connolly кожа, дрво и Alcantara за ексклузивност во внатрешноста.

Тука е и фактот дека автомобилот тежи околу 1100 кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Alpha Saga

Saloon Mecha Dragon