Целосно електричната Lancia Delta Evo-e RX ќе се натпреварува во Светскиот шампионат во реликрос на FIA, а ќе ја користи тимот на Special ONE Racing, кој пред извесно време го претстави…
Автомобилот е инспириран од легендарните модели на Delta Integrale кои некогаш се натпреваруваа во Светскиот рели шампионат носејќи ги иконите Мartini бои, пренесуваат информативните портали.
Двата болида ќе ги возат и легендарниот рели шампион Себастијан Леб (Sebastien Loeb) и францускиот реликрос возач Герлен Чичерит (Guerlain Chicherit). Интересно, GCK Motorosport на Чичерит е компанијата која го „оживеа“ Delta Evo-e RX.
Автомобилот го придвижуваат два електромотори од по 331 КС, така што тие испорачуваат комбинирани 662 КС.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 1,8 секунди. Exo-e RX има многу слични пропорции со оригиналната Lancia, но е малку поширок и поагресивен со истакната предна табла и сплитер. „Облеката“ на Martini спојува сè на убав начин, додека предните LED светла претставуваат модерен детал.
Лоеб се враќа на реликрос натпреварувањата за прв пат по четири години. Тој минатата година имаше можност да го тестира споменатиот автомобил.
GKC ја користеше Delta Evo-e RX минатата година кога Чичерит беше зад воланот, но автомобилот не носеше Мartini боја. За втората сезона беше додадена оваа облека, како и уште една копија од автомобилот што ќе го вози Лоеб. Сезоната започнува овој викенд во Португалија.