Lancia Delta се враќа како електричен автомобил

Првиот човек на Lancia, Лука Наполитано, во интервју за италијанската Corriere Della Sera потврди дека легендарниот компактен спортски автомобил повторно ќе се произведува, од некаде од 2026 година…

Lancia Delta беше мал компактен семеен автомобил произведен во Италија во три генерации.   Првата излегувала од производствената линија од 1979 до 1994 година, втората од 1993 до 1999 година, а последната се симнуваше од производните ленти од 2008 до 2014 година. Покрај тоа што беше популарен избор за семејствата и поединците кои го гледаа како компактен спортски автомобил, Lancia Delta беше автомобил многу популарен меѓу возачите на рели натпреварувањата.

Првата генерација доминираше во серијата WRC кон крајот на 1980 -тите и раните 1990 -ти, во верзии на Lancia Delta HF 4WD и ( популарнaта) HF Integrale.

Сега се дозна дека овој италијански hatchback би можел да се врати во производство за четири до пет години. Информација ја потврди извршниот директор на Lancia Лука Наполитано (Luca Napolitano) во интервју за италијанскиот Corriere Della Sera.

„Сите ја сакаат Delta и таа не може да не биде дел од нашите планови. Ќе се врати и ќе биде вистинска Delta: возбудлив автомобил, живописен приказ на напредок и технологија. И, се разбира, ќе биде електричeн “, рекол Наполитано.

Детали за новата електрична Lancia Delta не се соопштуваат, но постојат сите шанси компанијата да искористи една од постојните платформи од концернот Stellantis за да ја изгради.

Италијанскиот весник шпекулира со можност електричната реинкарнација на Delta да добие цврста (solid-state )батерии со висок капацитет, што може да му овозможи на малиот автомобил дострел до 700 километри со едно полнењена истата. Што се однесува до дизајнот, најверојатно ќе се потпира на првата генерација, моделот LX.

Иднината на овој бренд, иако се зборуваше за негово исклучување, не е доведена во прашање.

Во Lancia ќе се фокусираат на мали и средни компактни модели, кои, како и Delta, ќе бидат нивните препознатливи модели со кои во минатото забележаа значајни успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови