Lancia освојува со електричен скутер!

Приказната на Lancia најдобро може да се опише со познатата фраза „а се има, па да се нема и назад..

Имено, познатиот италијански бренд доминираше во сите форми на трки во текот на раните години од своето постоење, а во 80-тите години на минатиот век остави значителен белег на Светскиот рели шампионат (World Rally Championship – WRC), но оттогаш имаше постепен пад, што резултираше во тоа што  Lancia  денес во понуда има само еден модел, Ypsilon, кој се продава само во Италија, иако е достапен и под ознаката на Chrysler во Велика Британија.

Минатата година беа испорачани само 43.077 примероци и многумина веќе ја отпишаа компанијата и најавија нејзино затворање, но новоформираниот Stellantis ја информираше јавноста дека Lancia има иднина и ќе преживее на пазарот најмалку уште десет години, што значи дека ќе имаат толку многу време да покажат. и докажат потенцијалот на марката.

Денешната приказна не е за нов четири тркал, но е поврзана со оваа марка. Имено, на почетокот на годината, Lancia дебитираше со моделот e-Ypsilon, и ако мислевте дека станува збор за електрична верзија на веќе позната градски hatchback од В сегментот,  грешите. Имено, e-Ypsilon е градски скутер, односно скутер развиен во соработка со компанијата MT Distribution.

Италијанците сфатија дека се поголем број на млади луѓе користат вакви возила за секојдневен превоз во градска гужва и дека на пазарот има голем број компании кои ќе ви изнајмат скутер.

Моделот e-Ypsilon е релативно достапен и се продава за само 299 евра на домашниот пазар, што значи дека ако изнајмите вакви возила секој ден, купувањето на оваа Lancia дефинитивно ќе се исплати на долг рок. Споменатата цена е исто така двојно пониска од онаа што ја носи друг ривал од автомобилската индустрија, моделот Seat eKickScooter 25.

Компанијата вели дека клиентот може да избере една од двете бои, LED осветлување, осум инчни тркала и мотор кој бара многу едноставно и ефтино одржување. Исто така, се наведува дека тежи 12,5 килограми и може да достигне максимална брзина од 25 км/ч, а со едно полнење на батеријата на домашниот штекер, може да помине околу 25 км.

е-Ypsilon веќе може да се купи низ цела Италија, додека Lancia размислува дали да го понуди во остатокот од светот.

За нас, многу поважната вест е веројатно онаа дека новитетите за автомобилите ги планира компанијата. Тогаш, да наведеме дека според претходно најавените планови на Stellantis, Lancia ќе се позиционира како премиум бренд што ќе продава исклучиво електрични модели, а останува да видиме дали таквата стратегија ќе донесе резултати.

Инаку, познататиот „Италијанец“ би можела да биде првата жртва на новата француско-италијанско-американска корпорација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие

Ducati 860 E-Concept

Malaguti подготвува сосема нов модел – Drakon