Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Сегашната генерација на Lanciа Ypsilon (и единствениот модел понуден од италијанската марка) доби нова верзија со напреден, чист погон…

Поточно, Ypsilon, како и Fiat 500 Hybrid и Panda Hybrid, станаа достапни со mild хибридна технологија.

Во пракса, тоа значи дека Ypsilon Hybrid EcoChic има 1,0-литарски бензински мотор со три цилиндри, од групата Firefly, со 70КС и 92Nm, заедно со 12V mild hybrid систем и шест брзински менувач.

Споредено со стандардниот Ypsilon 1.2, оваа нова верзија ја намали потрошувачката на гориво (4,0л/100 км) и  ја намали емисија на CO2 (90 г/км).

Хибридната EcoChic Lancia Ypsilon забрзува од 0 до 100 км/ч за 14,2 секунди и може да достигне топ брина од 163 км/ч.

Lancia веќе го понуди Ypsilon Hybrid EcoChic во специјално издание, со Blue Maryne, боја, со логото  EcoChic на Ц-столбови, елементи со темно сива боја, и сјајни црни акценти, 15-инчни тркала, Seaqual Yarn ткаенини на седиштата, затемнети прозорци, темпомат, автоматско вклучување на светла и бришачите…

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic во Maryne издание во Италија чини 16.400 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS

Maserati со одлука што може скапо да го чини- нема повеќе да користи мотори од Ferrari!

Lucid Air со најголема аеро-ефикасност на светот