Land Rover Defender P400e plug-in hybrid

Во гамата на новиот Land Rover Defender сега се вклучува и plug-in хибридна верзија, наречена Defender P400e.

Defender P400e комбинира 2,0-литарски турбо-бензинец, електромотор и литиум-јонски батерии со капацитет од 19,2 kWh, со комбинирана моќност од 398 КС и вртежен момент од 650 Nm.

Возилото исто така може да работи само на електрична енергија (до 43 км), а во фабриката се наведува дека 80% од капацитетот на батеријата на брз полнач од 50 kW може да се полни за 30 минути.

Забрзувањето од 0 до 100 км на/ч изнесува 5,6 секунди, а максималната брзина е 209 км/ч, додека потрошувачката на гориво според фабричките податоци е 3,31 л / 100 км (емисијата на СО2 е 74 гр/км).

Defender P400e е достапен само во подолга верзија 110, со пет или шест седишта, со стандарден погон на сите четири тркала, 20-инчни тркала и воздушна суспензија.

Defender, исто така, доби модифицирана гама на дизел мотори за моделската 2021 година.

Поточно, има дизел агрегати со шест цилиндри, со блага хибридна технологија, во верзиите D200, D250 и D300 (бројот во името означува моќност во КС).

Новите дизели се достапни во верзиите Defender 90 и Defender 110, а забрзувањето од 0 до 100 км /ч се движи од 6,7 до 10,2 секунди во зависност од моторот.

Покрај тоа, Land Rover подготви нова верзија X-Dynamic за Defender, како и три нови надворешни бои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење