Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

На неодамнешната аукциа одржана во Аризона, лажниот Ferrari e продаден по многу повисока цена од почетната, па дури и повисока од цената на нов модел на Ferrari !!!

Автомобилите губат на цената толку поеќе, колу што се, но тоа секао не е случај со модели на Ferrari, што неброено пати докажаа дека цената со годините им расте, како кај добро вино.

Но, малку е зачудувачки кога тоа важи и за лажен (фалс) модел на Ferrari, што најчесто вреди колку нивните производители ќе одредат , пишува специјализираниот портал Carbuzz.

Сепак, еден лажен Ferrari e исклучок од тоа правило.

Имено, минатата недела на аукцијата организирана од куќата Brrett – Jackson, во Скотсдал (Scottsdal) во Аризона, САД, Ferrari што бил користен во комедијата „Слободниот ден на Ферис“  (Ferris Bueller’s Day Off) е продаден за неверојатна сума од 396.000 американски долари.

Таа цена ја надмина дури и сумата на чинење на нов модел на Ferrari 812 Superfast и навистина се многу пари за автомобил што е направен само за потребите на спомнатиот филм.

Серијата  #GTC011 е напрвена од компанијата Modena Design & Development и тој автомобил е еден од трите возила што се користени во филмот.

Неколку месеци пред аукцијата бил на реставрирање за да постигне што поголема цена.

Раполга со класичен V8 агрегат што е поврзан со мануелен менувач со пет степени напренос на силата.

Внатрешноста му е прекриена со „штавена“ (обработена“ кожа, a има и GPS мерач на брзината, потоа ретро sound radio со bluetooth, како и два Blaupunkt засилувачи што опслужуваат дури 14 звучници.

За веме на реставрирањето тојавтомобил добил и неолку подобрувања, како што се внатрешни цевки од јаглеродни влакна се со цел да се намали вупната маса на автомобилот.

Освен тоа, опремен е и со класични фелни содијаметар од 16 инча и со специјлни гуми што се изработени по мерка.

Покрај тој автомобил, купувачот добил и предмети од филмскката колекција, како што се, на пример, фотографиите од неговата изработа, верзија на видео играта Hot Wheels и сертификат на омпанијата за автнтичноста на автомобилот.

Инаку, тоа не епрв случај на Ferrari од погоре наведениот филм да е продден по висока цена на некоја аукција, бидејќи истото се случило и со моделот што во август 2018 година бил упен за уште „посолена“ сума на долари – дури 407.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Се планира и спортски Volkswagen ID.

Nissan switch сервис: Секој ден возиш друг автомобил!

Polestar Precept concept пристигнува во Женева 2020

Aiways U6ion concept во Женева

Bentley Continental GT Cabrio by Mulliner врв на луксуз со отворен покрив!

Renault Morphoz concept автономна електрична иднината на  Французите

На Palexpo 2020 и Dacia со концепт на струја!

Над половина милион нарачки за електричниот pick-up на Tesla