Леб повторно победува и им се заканува на фабричките екипи

Може ли кралот на релито да го освои Dakar 2019 со приватен тим наспроти моќните и богат фабрички екипи, а кај камионџиите Kamaz е пред рекордна 16-та титула на најпрестижнтои најтешко рели во светот

Кој знае и умее нему двојна добивка“, вели народната поговорка, а популарниот Себастијан Леб ( Sebastien Loeb) освои уште еден брзински испит на 41 издание на Dakar Rally, па сега има три најдобри испита.

 

Тој и неговиот со возач Даниел Елена, биле најбрзи, нај вешти и најсреќни…на целта на испитот долг 336 km.

„ Се помина добро, но грешевме. Видовме дека и Насер (Naser) прави иста грешка, па така и двајцата загубивме по две минути. Се возевме наоколу барајќи ја патната точка, но мислам дека не бевме во грешка само ние,  тоа беше „ лукава фаза“. Не заглавивме, ја видовме дупката каде заглавивме лани, но го одбегнавме „куршумот“. Многу сум среќен што стасавме на цел. Се уште не е готово, пред нас се уште многу трки“. Изјавил Леб на новинарите“.

Во генералниот пласман Насе Ал-Атијах со Tojotа Hilux и натаму е водечки, a го следат Леб со Peugeot  (+ 37.43 min.), трет е Петерхансел ( Peterhansel) со минус од 41 минута и 14 секунди.

Во категоријата мотоцикли почна вистинска војна на две тркала: брзинскиот испит број шест го освои 32 годишниот Чилеанец Пабло Куинатнили, возач на Husqarna, кој уште во 2001 година победил во класата MX Guatemala – тогаш имал само 15 години. Собрал низа на пехари и двоен е шампион во Rally Country. Го следат Брабек (Brabec) со Honda (+ 4.38 min.) и Прајс (Price) so КТМ (+ 5.17 min.).  Потсетуваме уште од 2001 година на Dakar Rally во клсата на мотоцикли победува KTM.

Во класа на квадри лидер е Аргентинецот Николас Кавиљос, со огромна предност од еден час и шест минути! !

Кај возачите во класата SxS следува голема борба. Во Генералниот пласман води Шпанецот Гуел пред Русонот Кариакин.

Во категорија на камиони победник на испитот број шест Витазович од Белорусија со MAZ, меѓутоа тој уште на крајот на првиот дел 41 издание на Dakar Rally иам „дебело“ задоцнување од огромни пет часа и 36 минути.

Помеѓу „џиновите“  се знае дека KAMAZ ќа ја забележи новата  убедлива и 16 по ред победа.

Екипата од Русија е многу искусна и сите таму добро се познаваат и знаат што, кој и кога треба да направи. Со еден збор непобедливи се.

Едуард Николаев (Eduard Nikolaev) e прв во генералниот пласман, го следи нековиот пријател Сотников (Sotnikov) со заостанување од 10 минути, додека на третата позиција е Холанѓанецот Де Рој (De Roy) со IVECO и со заостанување од еден час и 50 минути!!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW M8 MotoGP Safety Car

Lamborghini на “ниет“ за влез во нова hyper класа на Le Mans!

Audi ќе ја збогати палетата на RS модели со шест новитети

Во Renault F1 болидот за тековната сезона галопираат над 1.000 КС

Хет-трик на Мартин Делев на TWINGO CUP

На Стефановски му одземаа подиум со 25 секунди казна

Му ја украдоа победата на Иџе, па жестоко удри по Италијанците

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!