Легендата на Дакар Рели дојде до првата етапна победа во годинешното издание

Стефан Петерхансел во Audi, инаку 14 кратен освојувач на релито на наголеми и најтешки барање од возачите, ја забележа ја својата 49-та победа, прва во годинешното издание на Дакар 2022 и се приближи до рекордот на уште една рели легенда  на најтешкиот рели натпревар во светот – Ватанен…

Повторно двојна победа за Audi на релито Дакар во 2022 година, само со сменети улоги. Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel), кој оправдано го нарекуваат Мистер Дакар по 14 победи на Дакар, ја извојува првата победа оваа година. Со 49 етапни победи, сега има само една помалку од рекордот што се уште го држи легендарниот Ари Ватанен (Ari Vaten).

Денеска во Саудиска Арабија повторно беше ден за славење на тимот на Audi Sport. Карлос Саинз (Carlos Sainz) го освои второто место, а му обезбеди двојна победа на Audi RS Q e-tron.

Третото место по етапата долга 759 километри му припадна на Орландо ТерановA (Orlando Terranova) за тимот BRX во возилото Hunter.

Малку што е променето во генералниот пласман на релито Дакар 2022 година. Насер Ал-Атијах (Nasser Al-Attiyah) денешната делница ја заврши на шестото место со 5′:50“ заостанување зад победникот, но за неговото водство и се поблиската победа најважно е што Себастиен Леб (Sebastien Loeb) не ја намали премногу разликата.

Францускиот деветкратен светски шампион во WRC заврши на петтото место и ја намали својата разлика од Ал-Атија за нешто повеќе од минута и половина и сега таа изнесува 32′′ 40′.

Поз.  Бр.      Возач/совозач                  Тим                                       Време

 

1      201 (Qat) Nasser Al-Attiyah

(And) Matthieu Baumel    Toyota Gazoo Racing               33h 13′ 37”

2      211 (Fra) Sebastien Loeb

(Bel) Fabian Lurquin        Bahrain Raid Xtreme               33h 46′ 17”

+ 00h 32′ 40”

3      221 (Arg) Orlando Terranova

(Esp) Daniel Oliveras Carreras Bahrain Raid Xtreme    34h 42′ 55”

+ 01h 29′ 18”

За мотоциклистите денот беше многу подраматичен и дојде до нов пресврт во генералниот пласман.

Австриецот Тоби Прајс (Toby Price) ја освои етапната победа во фабричката КТМ, Лучијано Бенавидес (Luciano Benavides) од Аргентина се искачи на етапниот подиум, додека Адриен Ван Беверен (Adrien Van Beveren) на Yamaha, кој всушност најдобро ја заврши работата денес, заврши на третото место.

Фабричкиот возач на Yamaha поведе пред Сем Сандерленд (Sam Sunderlend) во фабричкиот тим на Gas Gas, кој денеска повторно беше слаб и заврши на 19. место со над 11 минути задоцнување.

Сепак, за мотоциклистите тоа е далеку од завршено, а во двете преостанати етапи, од кои едната, последната е само 160 километри, има уште многу што да се промени.

Поз. Бр.       Возач                                                      Тим                                                  Време

 

1      42  (fra) Adrieb Van Beveren       Monster Energy Yamaha Rally Team        33h 27′ 06”

2        3 (gbr) Sam Sunderlan                   Gas Gas Factory Racing                            33h 33′ 05”

+ 00h 05′ 59”

3        7 (chl) Pablo Quintannila            Monster Energu Honda                               33h 33′ 21”

+ 00h 06′ 15”

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati ќе настапи во формула Е во сезоната 2022-23

Hyundai i20 N WRC

„Кармејкерите“ поради пандемијата имат 210 милијарди долари загуби

По 12 етапи и над 8.000 километри низ пустина заврши Дакар Рели 2022

Audi со четвртата етапна победа докажа дека „апсолвира“ на Дакар рели!

Dakar Rally 2022 одбележан со Toyota што ги освои сите места на подиумот

Audi на осмата етапа покажа дека созрева во сериозен играч на Дакар

Себастијан Леб ја потврди шампионската класа

Мотоциклистите, шестиот ден на Дакар на уништена патека се изгубија по 100 км