LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Неодамна  LEGO лансира свој најнов Creator Expert модел, a станува збор за Harley-Davidson Fat Boy мотоцикл…

Според информацијата пласирана од Moto-berza, тој доаѓа со подвижни делови, фелни, препознатливиот резервоар за гориво , интегрираниот покажувач на брзини и со издувен систем со две издувни цевки.

Данската компанија глобално најпознатиот производител на играчки со составување од делови на овој модел работели со производителот на мотоцикли од Милвоки.

Конечната креација се состои од 1.023 делови, a тука се и клипови што се движат кога задното тркало се движи.

„ Беше исклучително возбудливо да се оживее овој мотоцикл во ваква форма“, изјавил Мајк Псијаки, главниот дизајнер на Групата LEGO.

„ Нашата креација на најдобар начин го претставува култниот дизајн, напредните инженерски својства и внимание посветено на деталите на мотоциклот од амероиканскиот производител.“

Експерите од компанијата LEGO во чест на лансирањето на оваа играчка направиле Fat Boy модел во природна големина.

За изработката на овол LEGO Fat Boy биле потребни 865 часови, a истиот се состои од 69.569 делови..

Кога пак станува збор за помалата креација таа ќе ве чини само околу 95 европски банкноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo 4C Competizione limited edition за повторно вљубување!

Fiat развива SUV што ќе се произведува во Крагуевац!

BMW M8 MotoGP Safety Car

Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Произведен 10 милионити Mini

Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ

Lotus со измени на своето лого!

Две децении на Porsche 911 GT3 вистински сладок залак за познавачите