Ligier Myli

Францускиот Ligier произведува и микро автомобили, односно лесни четирицикли кои во Франција може да се возат од 14-годишна возраст, односно без возачка дозвола…

Нивниот нов електричен модел со три врати се вика Ligier Myli, а се работи за возило со должина од 2958 mm, ширина од 1500 mm и висина од 1533 mm.

Основната верзија има тркала од 13 инчи, но поскапите опции имаат алуминиумски тркала со големина од 14 до 16 инчи.

Myli има волумен на багажникот од дури 459 литри.

Тој капацитет на багажникот е една од предностите на Myli во однос на уште еден атрактивен француски Лилипутанец од овој интересен сегмент – Citroen Ami.

Моќноста не надминува 5,6 kW/7,6 КС, а вртежниот момент изнесува само 10 Nm.

Исто така и максималната брзина е законски ограничена на само 45 km/h.

Постојат три опции за батерии за избор: основната конфигурација е со капацитет од 4,14 kWh и досег од 63 km, втората опција е батерија со капацитет од 8,28 kWh и досег до 123 km, со едно полнење на истата, а врвната верзија е опремена со батерија со капацитет од 12,42 kWh што на овој четирицикл му обезбедува досег до 192 km.

Батериите можете да ги полните од обичен приклучок за домаќинство, основната батерија ќе се полни за 2 и пол часа, а најголемата батерија за 6 часа и 15 минути.

Продажбата започнува во текот на наредниот месец – мај, а базната – основна верзија на Ligier Myli во Франција ќе се продава по цена од 12.500 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…