LIQUI MOLY топ бренд по 10-ти пат!

Познатиот глобален производител на лубриканти LIQUI MOLY повторно е на врвот во светот на моторните масла!…

Уште еднаш, читателите на автомобилскиот магазин Auto Zeitung се согласија : LIQUI MOLY е број еден кога станува збор за моторните масла!

-За прв пат бевме избрани за топ бренд во 2011 година, и таму останавме 10 години по ред. Звучи чудно, но не можете да се навикнете на ваква награда – сосема спротивно, да бидете избрани десет пати по ред од читателите на Auto Zeitung  е нешто што не прави особено горди. Благодарност до оние кои веруваат во нас и гласаа за нас. ” изјави Гунтер Хирмаер генералниот директор на Компанијата .

-Инаку, овој пат, околу 650.000 читатели гласаа за избор на најдобри брендови во автомобилскиот сектор, а на брендот LIQUI MOLY, освен како неприкосновен лидер на полето на моторни масла, им „стаса“ голмо признание  и во делот на производи за одржување и нега на возилата,  каде брендот одлично се котира, бидејќи  според читателите  беше избрана на високото второ место.

Како и да е, една работа е сигурна. Без оглед на сегментот во кој произведува, LIQUI MOLY ќе продолжи да прави се што е во негова моќ за да ја одржи високата доверба и задоволство на клиентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lockout и понатаму предизвикува пад на продажбата во Европа

Најавен Volkswagen Taos

Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

ЕУ ги заострува нормите за емисија на ЦО2 -до 2030 ќе ги намали двојно

Најавен нов Honda –EV concept

Објавен списокот на кандидати за Европски автомобил на годината 2021

Испорачани првите ID.3 до купувачите

Се почести шпекулации – идниот Peugeot 108 како crossover

Ново поевтинување на горивата