Листата на нај недоверливи автомобили ја предвои ултра луксузниот Bentley Continental GT!

Британскиот CarWow состави список со 15 модели на автомобили кои во последните 10 години најчесто биле на сервис, покриен со гаранција, а чии сопственици потрошиле најмногу  време во срвисите, но изненадува тоа дека помеѓу нив, речиси сите одред се автомобили од повисока класа и ценовен сегмент …

Британското списание за автомобили Car Wow, во соработка со осигурителнта компанија Warantywise, состави список на модели на автомобили кои најчесто се расипувале во изминатите 10 години, во земјата и кои за нивните сопственици биле најголем трошок за одржување.

За пресметката да биде веродостојноста, земени се податоци за поправки опфатени со продолжениот период на гаранција од овој осигурител, а земени се предвид само моделите што во изминатата деценија, во статистиката, се појавија повеќе од 100 пати и исклучиво автомобили постари од 3 години.

Списокот е составен со множење на фреквенцијата на појавување на автомобилите на срвис во  сервисната станица, со просечна цена на услугата, што е и причината зошто повеќето автомобили тука се од повисока класа. Во секој случај станува збор за интересни податоци.

15.Tesla Model S – Најчестите дефекти кај Tesla се однесуваат на електрониката, а најскапата забележена поправка  вклучувала замена на воздушната суспензија.

14.BMW M4 – кај во популарното компактно coupe, сопирачките најчесто се расипувале сопирачките, но проблематучен е и инфозабавниот систем.

13.Mercedes-Benz GLS – претходникот на тековниот GLS , малку постариот SUV, градски теренец на Mercedes често бара поскапи поправки на електронските системи.

12.Ford Galaxy – малку постар моноволумен обично доаѓа на сервис поради дефекти на менувачкиот систем.

 

11.BMW X5 – Уште еден претставник на Баварците е на неславниот список, станува збор за средно голем SUV што се истакнува со проблеми со суспензијата, но и моторите.

10.Range Rover – британската гордост во сегмнтот на луксузната автомобилска индустрија исто така се бори со суспензијата и моторите, а дефектите генерално се многу скапи за поправка.

9. Mazda CX-5 – И покрај имиџот на сигурни автомобили, моделот од последната генерација на Mazda CX-5 го заработи своето место на списокот со чести дефкти на погонот.

8.Audi Q7 – уште еден германски SUV што не се прослави на полето на електрониката, но исто така му се случува и протекување на масло, за што се потребни многу скапи поправки.

7.Jaguar XJ – системот за проток на гориво и проблемите со моторот го ставија предводникот на Jaguar на седмото место на не славниот список.

6. Range Rover Sport – уште еден Range Rover, и повторно проблеми со моторите и воздушната суспензија.

5. Chevrolet Captiva – Моделот со најниска цена на оваа листа е произведен во голем број фабрики ширум светот, а најчесто се појавува во сервис поради скапите проблеми со менувачот.

4. Porsche Cayenne – електричните системи и поправките на моторот се најскапите и најчестите поправки кај овој SUV.

3. BMW X6 – исто како и ккај Cayenne, неговиот баварски колега страда од скапа дефекти на електроникат и на моторот.

2. Audi A7 – кај оваа луксузна лимузина најчсто се расипува системот за пренос на силата (менувачот).

1.Bentley Continental GT – местото на врвот на оваа листа го заработил со скапиот просек на поправки што најчесто се однесувале на електрониката и моторот кај претпоследната генерација на овој ултра луксузен (и скап) автомобил.

Погледнете го видеото со повеќе детали за трошоците за сервисирање на секој од моделите:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !