Лондон воведува градски зони без автомобили

Градоначалникот на Лондон Садик Кан планира да ги претвори централните делови на британската престолнина во една од најголемите зони без автомобили …

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан (Sadiq Khan), планира да ги претвори централните делови на британската престолнина во една од најголемите зони без автомобили, објави ITV.

Тој потег е одговор на пандемијата на вируси Covid-19.

Транспортот на Лондон (TfL), градска агенција за транспорт, тврди дека зоните без автомобили ќе помогнат во подобрувањето на социјалното дистанцирање во јавниот превоз.

Со улици затворени за автомобили, граѓаните ќе бидат стимулирани да користат велосипеди или да шетаат повеќе, наместо да создаваат гужва во автобуси или метроа, велат од TfL.

Кан рекол дека јавниот превоз треба да се користи само во итни ситуации, и дека секој што работи од дома, мора да се придржува кон ова правило до понатамошно известување, објавија од ITV.

За да се ограничи користењето на јавниот превоз во центарот на градот, се апелира до работниците да го продолжат патувањето од главните железнички станици пеш или со велосипед , наместо со автобус или метро.

Автобуси ќе бидат дозволени во некои од зоните забранети за автомобили, но некои зони не го дозволуваат и тоа.

Исто така, Лондон ќе продолжи да наплаќа надомест за создавање на метеж од 18 мај, а Ultra Low Emission зоната ќе биде воведена следниот месец- јуни. Надоместокот за метеж (преоптовареност) во сообраќајот ќе се зголеми на 15 британски фунти, а часовите (време траењето) за наплата ќе бидат продолжени на 22 јуни и ќе траат од седум наутро до десет навечер, седум дена во неделата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари