Lordstown Endurance – електричен pick – up

Американскиот Lordstown Motors, неодамна, на промоција во комплексот Лордстаун ( сојузна држава Охајо) и официјално го претстави својот електричен pick-up Endurance ..

Според вестите, компанијата досега има добиено околу 14.000 пред-нарачки, додека првите примерци ќе бидат доставени во јануари следната 2021 година. Се очекува во текот на 2021 година продажбата да достигне околу 20.000 примероци.

Фабриката наведува дека Lordstown Endurance има четири електрични мотори со вкупно 440 kW / 600 КС, погон на сите тркала, батерии од 70 kWh и автономија од околу 250 милји (402 км).

Возилото има простор за пет патници,  а од 0 до 60 милји на час (96 км/ч) забрзува за 5,5 секунди, додека најголемата брзина што ја постигнува изнесува 128 км/ч.

Во однос на цената, во САД, Lordstown Endurance ќе започне од 52.500, односно од 45.000 американски долари  кога ќе се вклучат и субвенциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)