Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Во чест на трката 12 часа Bathrust од Lotus “исфрлија“ посебна специјална едиција на неговиот a модел Elise, но за жал во него ќе можат да уживаат само поклониците на брендот од земјата на кенгурите!…

Како основа за оваа лимитирана изведба е искористен моделот Elise Cup 250, опремен со бензински турбо мотор со четири цилиндри, со работен волумен од 1,8-литри, со моќност од 246 KS и 250 Nm вртежен момент.

Тоа е доволно на овој лесен спортист да му обезбеди супериорни перформанси: забрзување од 0 до 100 km/h за само 4,6 секунди, а при тоа испушта величествен звук од ауспухот.

Автомобилот помеѓу другото, за по впечатлив визуелен настап, е опремен со црни фелни од алуминиум, спортски седишта изработени од карбонски влакна, полесен акумулатор и задно стакло изработено од пластика.

Каросеријата на спортскиот автомобил во ова специјална едиција е обоен во Monaco бела боја  (потсетувам тоа е бојата на уникатниот Lotus Esprit амфибија од култниот филм за тајниот агент 007 Џејм Бонд – „Шпионот кој ме сакаше“ ), a тука се и посебните Bathurst Cup 250 ознаки и плочки со серискиот број на примерокот.

Инаку, цената за оваа ексклузивна и ограничена едиција што е наменета исклучиво за пазарот во Австралија (за жал на останатите поклоници на брендот ширум светот) ќе изнесува околу, 110 илјади австралиски долари, односно пресметано во европски банкноти, околу 68 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Дизајнер од Русија вкрстил Lada Niva и Mercedes G Class

Црн хумор заштитна маска од корона вирусот и за автомобили

На аукција Mercedes-Benz Pullman за 2,5 милиони долари

Видео: Lancia Delti HF Integrale- Беснее по улиците на Њујорк

Autobianchi Stellina: Најубавиот потомок на “Фиќо” а малку познат во светот