Lotus и Williams – соработка во производство на електрични хипер автомобили

Уште во декември минатата 2019 година е објавена информацијата за тоа дека во Lotus планираат електричен  hypercar што би требало да чини околу два милиони фунти…

Во меѓу време медиумите во Британија успеале да дознаат и неколку детали за истиот.

Во веста стои дека проектот е веќе во тек, како и дека концепт верзијата би требало да ја запознаеме уште во текот н оваа 2019-та година.

Најновите вести, пак, велат дека техничкиот партнер на Lotus ќе биде Williams Advanced Engineering,кој ќе се погрижи за електричниот погонски систем на хипер автомобилот.

Проектот се води под кодно име Omega, a кога ќе се појави, на почетокот на идната деценија, серискиот модел ќе биде најбрзиот и најскапиот модел што Lotus го направил во својата 70-годишна историја.

Се шпекулира дека во неговиот погон би можеле да бидат „впрегнати“ неколку електромотори (барем два), со моќ од околу 1000KS, со погон на сите четири тркала, со наплив на современа технологија

Исто така е наведено дека хипер автомобилот на Lotus ќе располага и со автономија на возење, со едно полнење на батериите, од најмалку 400 km.

На крајот е проследена и информацијата дека се планира производство на многу лимитирана серија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците со моќна артилерија- BMW X3 и X4

Иднината на pick-up е на струја или!!!

Porsche 356 A Speedster на аукција- Деликатес за колекционерите

Geely и Daimler го прошируваат партнерство

Новиот Renault Zoe со едно полнење на батериите минува 400km!

И Tucson во N performance дивизијата  на Hyundai

Alfa Romeo камиони- тоа би било фантастично

Шест децении Škoda Octavia (1959 – 2019)- Успешна приказна од Млада Болеслав

Abarth на прекрасен начин ја одбележа 70-годишнината од основањето