Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV

Lucid објави тизер-клип со кој се прикажува бројката од 711 км автономија на возење, на претстојниот нивни модел Air…

Неодамна, најновата итерација на моделот S на Tesla стана првиот електричен автомобил што има опсег со единечно полнење на батеријата од повеќе од 400 милји, или 640 км („во наши – континентални мерни единици ), а беше тестиран од страна на Американската агенција за заштита на животната средина (Environmental Protection Agency – EPA).

Во тизер-видеото, Lucid навестува на автономијата, иако е тешко да се види одредена цифра, ни се чини дека успеавме да ја „уловиме” посочената бројка од која ја насетуваме автономијата од споменатите 711 км.

Една од причините зошто Lucid Air ќе може да има толку добра автономија е аеродинамиката.

Да бидеме прецизни, Lucid Air ќе биде нај аеродинамичната лимузина на светот, со отпорност на воздух од само 0,21 Cd (coefficient of drag – коефициент на влечење).

Тоа што сè уште не го знаеме е големината на батеријата што ќе ја користи овој автомобил, но затоа се знае максималната брзина и таа е неверојатна 380 км/ч.

Презентацијата на овој автомобил се очекува во наредната 2021 година, а почетната цена на пазарот во САД ќе биде околу 60.000 американски долари, додека ексклузивната луксузна верзија ќе чини дури 160 000 долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење