Lucid Air Sapphire

Lucid го изложува врвното Sapphire издание на својот електричен модел Air на овогодинешната недела на автомобили во Монтереј…

Прво што може да се рече е дека Lucid Air Sapphire има погон со три мотори кој се состои од два електрични мотори на задната оска и еден мотор на струја на предната оска.

Додека веќе распродадениот Lucid Air Dream Edition Performance има 1111 КС, а Grand Touring Performance 1050 КС, новиот Air Sapphire има над 1200 КС. Иако Lucid сè уште не објави конкретна бројка за моќност, американската компанија истакнува дека Air Sapphire е најмоќниот седан во светот.

Додавањето на трет електричен мотор му овозможува на Air Sapphire да забрзува од 0 до 60 милји на час (96 km/h) за помалку од 2 секунди, од 0 до 100 милји на час (160 km/h) за помалку од 4 секунди, додека четвртина милји (402 метри) поминува за помалку од 9 секунди.

Air Sapphire претрпе и бројни други модификации.

Меѓу другото, тој доаѓа со стандардни карбон-керамички сопирачки, а има и поцврсти предни и задни пружини, уникатно подесување на амортизерите и уникатно подесување за ABS, контрола на тракцијата, контрола на стабилноста и електричен серво.

Развиени се и нови тркала за таков автомобил со супериорни перформанси, со димензии 20 инчи напред и 21 инчи назад, со гуми Michelin Pilot Sport 4S 265/35 напред и 295/30 назад.

Lucid исто така ги промовира напредните можности за векторирање на вртежниот момент на својот нов врвен модел.

Направени се и одредени визуелни промени на автомобилот, вклучително и нов заден спојлер од карбонски влакна за зголемена надолна (потисна) сила, а достапна е и нова Sapphire Blue нијанса на бои.

Во кабината има нови спортски седишта со електрично приспособување во 18 насоки, со црна кожа, црна алкантара и контрастно шиење во сафирно сино. Воланот и структурата на горниот покрив се обработени во Alcantara, а информативно забавниот екран и дигиталната инструмент табла исто така имаат уникатна графика.

Lucid исто така ветува врвни Sapphire варијанти на сите свои идни модели.

Air Sapphire ќе се произведува во ограничени количини, по цена од 249.000 американски долари во САД.

Резервациите ќе бидат можни од наредната недела – 23 август , а првите испораки се планирани за следната 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тркачки Ford Ranger Raptor за Baja 1000

BeyonCa GT Opus 1

Уникатен Rolls-Royce Hyperion Pininfarina

Практична конверзија во електричен велосипед за 30 секунди

Произведен 400от Bugatti Chiron

Hennessey Venom 1200 Mustang GT500

Toyota GR Supra GT4 EVO

Ferrari Vision Gran Turismo Concept

Bentley Continental GT Convertible Mulliner Riviera