Lucid Air со најголема аеро-ефикасност на светот

Моделот Lucid Air на компанијата Lucid Motors официјално е најефикасниот аеродинамичен луксузен автомобил што досега се појавил во светот на автомобилите…

Минатиот месец од Lucid Motors испратија продукциска верзија на моделот Air за аеродинамично тестирање, а резултатите се потврдени со коефициент од 0.21, со што Lucid Air стана најефикасниот луксузен автомобил на светот кога станува збор за аеродинамиката.

Многу важен податок, особено за електричен автомобил кој мора да биде што е можно поефикасен за да ја зголеми својата автономија на движење.

Од Lucid Motors велат дека аеро-ефикасноста е една од главните карактеристики и цели на компанијата.

„Ги искористивме лекциите кои ги научивме при создавањето на некои од најперформансните тркачки машини на светот, како интегрален дел од дизајнерскиот процес на Lucid Air. Не е само да се достигне најнискиот можен коефициент на отпор. Клучно е да се има и високо балансирано перформансно возило, со прецизно менаџиран проток на воздух во сите аспекти“, истакнал Жан Шарл Моне, водечкиот човек на Lucud Air за аеродинамика, со над 11 години искуство во F1.

Да се достигне коефициент на отпор од 0.21, „лизгавата“ форма на шасијата е есенцијална, но не и доволна. Lucid Air исто така содржи некои функционални површини и детали кои ја водат воздушната ефикасност низ и околу возилото. Тоа вклучува странични отвори за воздух на предницата кои го „измазнуваат“ протокот на воздух околу типично турбулентните отвори кај тркалата, аеродинамичен дизајн на тркалата, како и вентилациски отвори на хаубата кои го канализираат воздухот околу крилата на автомобилот.

Покрај тоа, Lucid Air има патентиран vortex систем за внесување на воздух кој се наоѓа зад предниот браник. Неговата функција е да ги зголеми перформансите на ладење со еднакво дистрибуирање на воздухот на површината за размена на топлина, додека ја минимизира големината на отворот за влез на воздух, со што дополнително се зголемува аеродинамичната ефикасност.

Другите важни елементи вклучуваат непрекината, мазна подлога на заоблените места кои се издигаат кон задниот дел на Lucid Air за да се формира аеродинамичен дифузер. Како директен резултат на аеродинамичноста на Lucid Air е автономија на возење од 643 км, постигнат во реално тестирање користејќи бета прототип на јавни патишта и автопат.

Освен тоа, Lucid Motors продолжува со тестирањето на патеките за максимална брзина, со цел да се обезбеди стабилност при движење со висока брзина и да се провери функционалноста на аеродинамичките системи.

Lucid Air алфа прототипот достигна максимална брзина од 378 км/ч, а повеќе тестирања за максималната брзина се планирани за летово со флотата од бета прототип.

Продукцискиот Lucid Air ќе дебитира на онлајн настан на 9 септември, кога спецификациите и сите информации и детали ќе бидат исто така објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Внатрешноста на новата Mercedse S Class

Mazda MX-30 e-Skyactiv G со mild-hybrid погон

Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV