Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Луксембург бележи највисока стапка на моторизација меѓу членките на ЕУ веќе 30 години, објави Eurostat, пренесува Бета.

Во 2019 година, Луксембург имаше 681 патнички автомобили на 1.000 жители. Речиси една петтина од автомобилите што се возат во Луксембург се помлади од две години. Треба да се има предвид дека на оваа бројка може да влијае фактот што прекуграничните работници, кои не се жители на Луксембург, користат службени автомобили регистрирани во таа земја.

 

 

На второ место е Италија, со 663 автомобили на 1.000 жители, потоа Кипар (645), Финска и Полска (642). Најмалку автомобили на 1.000 жители имаат Романија (357), Латвија (381) и Унгарија (390).

Во 2019 година, Германија (инаку и најголем автомобилски производител во Европа) имаше најмногу регистрирани патнички автомобили, 48 милиони, потоа Италија со 40 милиони и Франција со 32 милиони. Од 2015 година, најголем пораст на бројот на регистрирани автомобили е забележан во Романија, дури за 34%, потоа Литванија, Унгарија, Словачка и Полска.

Бугарија е единствената земја -членка на ЕУ во која се регистрирани помалку автомобили во 2019 година во споредба со регистрираните во 2015 година и тоа за 11%.

Во 2019 година, Полска имаше најголем процент на автомобили „постари“ од 20 години, 37,9 проценти. Потоа следуваат Естонија (31,5 проценти), Финска (26,9 проценти) и Литванија (22,6 проценти). Уделот на поновите автомобили, „помлади“ од две години, беше највисок во Ирска (28,8 проценти), Луксембург (23,7 проценти), Белгија (22,9 проценти) и Данска (22,6 проценти).

Во последниве години, некои земји од ЕУ понудија субвенции за купување на нови автомобили со ниска емисија на штетни гасови, што влијаеше на просечната старост на автомобилите во некои земји.

Иако вкупниот број автомобили се зголеми во скоро сите земји -членки на ЕУ во текот на изминатите пет години, автомобилите што работат на алтернативни горива, како што се хибридните автомобили, сепак сочинуваат мал процент. Процентот на нови автомобили кои користат алтернативни горива беше највисок во Холандија (14 проценти), Ирска (12,6 проценти) и Полска (11,7 проценти).

Најголем удел на нови бензински автомобили е регистриран во Холандија, Финска и Естонија, а Хрватска, Литванија и Ирска имаа најголем процент на дизел возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Берлин петиција за законот за забрана на автомобили во поголем дел од градот

Монтирањето на WV ID,3 трае 30 часа а на Tesla Model 3 само 10 часа

VW Group ќе гради фабрика а батерии во Источна Европа

Тesla Cybertruck само за пазарот во САД

Renault 5 Prototype 5 ја освои наградата за концептен автомобил на годината

Почна производството на електричниот Volvo C40 Recharge

Нема чипови – нема производство во фабриките на Škoda во Чешка

Opel останува без погоните во Риселсхајм и Ајзенах

Најпродавани автомобили на Апенинскиот полуостров