Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

Изложбено продажниот салон на Bramley Motor, недалеку од Гилдфорд во Сари, Англија, продава одлично сочуван зелен Barnato Bentley Mulsanne, со мала километража, чиј претходен сопственик била незиното Височество,  кралицата на Англија…

Луксузниот автомобил беше повлечен од флотата на Кралицата во 2015 година и минал нешто повеќе од 4.000 километри, пишува Daily Mail.

Фактот дека кралица се возела во овој Bentley ја зголемува неговата цена. Сличен автомобил што го користела Елизабета Втора повремено се возела се нуди за 80 000 британски фунти, а овој примерок би може да достигне сума од околу 200 000 фунти, пренесуваат агенциите.

Директорот за маркетинг на салонот, Bramley, Џек Морган Џонс, рекол дека „ имале среќа што досега имале неколку кралски автомобили на продажба.

„Минатата година продадовме Range Rover во кој принцот Филип го возел американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета на Велика Британија.

Овој Bentley на Кралицата е уникат, но во основа не се разликува од другите слични Mulsanne,  освен што бил управувана од нејзиното кралско височество.

Кралицата, наводно, поседува три Rolls Royce, три Daimler и два Bentley, автомобили, како дел од сегашната флота на Бакингемската палата, но има и неколку други флоти на нејзините други имоти.

Моделот на Bentley што се нуди на продажба Кралицата го користела за превоз низ главниот град на Велика Британија во период од 2013 до 2015 година.

Тој е уникатен бидејќи е долг пет и пол метри, што е за еден метар повеќе од стандардниот Bentley од овој тип и исто така никогаш немал регистарска табличка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Возете паметно и заштедете повеќе

Уникатен блиндиран Porsche 911

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO

Тркачка верзија на Volkswagen ID.4