Луксузниот Volvo XC 100 пристига 2022

Новиот SUV на Volvo ќе ја носи ознаката XC100 и ќе биде директен ривал на BMW X7 и Mercedes GLS.

Volvo развива нова верзија на платформа за големи автомобили наречена SPA2.

Тековната платформа ЅРА се користи за моделите 60 и 90, но не е погодна за поголеми модели од сегашните XC90.

Доколку компанијата сака да одговара на SUV моделите на Mercedes и на BMW, тогаш XC100 мора да користи новоразвиена платформа.

Платформата SPA2 ќе биде наменета за автомобили долги до 5,5 метри, а третиот модел Polestar (голем целосно електричен SUV) ќе ja користи во иднина.

Новиот модел се развива под кодно име V616. Број 6 го означува прототипот како најголем модел во понудата на Volvo, број 1 значи дека е станува збор за прва генерација на возила, а втората „шестка“ е кратенка за каросерија на SUV.

XC100 ќе биде 30 mm подолг од сегашниот XC90 и малку подолг дури и од BMW X7.

Неговата должина ќе биде 5,2 метри, а растојанието помеѓу оските и задната суспензија ќе бидат продолжени. Ова ќе резултира во повеќе просторот за нозете во вториот ред на седишта, како и вкупниот простор во третиот ред на седиштата и во багажникот.

Новиот XC100 ќе користи мешавина од погонски систем, основните модели ќе користат моќни бензински мотори со блага хибридна технологија, а алтернативи ќе бидат plug-in хибриден и целосно електричен погон.

Овој модел се очекува во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS