Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Градските татковци на Мајами дадоа привремено зелено светло за наскоро,  во најголемиот град на Флорида,   да се одржи трката во Formula 1… .

Првичниот план домаќин на уличната трка да биде Бискаин (Biscayne)  булеварот не успеа.

Одлучено е новата локација да биде стадион „Хард рок“ (hard Rock Stadion), односно трката да се одржи околу тој голем комплекс, каде што своите натпревари ги игра NFL-тимот Miami Dolphins, пренесува Sport Club.

Сега има разговори меѓу организаторите и луѓето кои живеат во овој дел на Мајами.

Се очекува да бидат издвоени околу пет милиони долари „за развојната програма, што ќе му помогне на локалното население“.

Договорот помеѓу Formula 1 и Мајами треба да биде потпишан на 10 години. Првата трка во Formula 1 низ улиците на Мајами треба да се вози во наредната 2022 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја

Toyota Yaris Автомобил на годината во Европа за 2021