Директор на трките во Формула 1 во претходната сезона беше Мајкл Маси, а по скандалозните одлуки на крајот од сезоната беше сменет…
Мајкл Маси (Michael Masi) доби отказ, а тоа го соопшти претседателот на FIA, Мохамед Бен Сулејем (Mohammed ben Sulayem). Тој најави серија промени откако FIA започна истрага за контроверзниот крај на шампионатот во Формула 1 во 2021 година.
Посебно под лупа беше трката во Абу Даби каде Маси направи катастрофални потези, поради што финалето во 2021 година ќе остане засекогаш запаметено во Формула 1.
Макс Ферстапен ја освои титулата, а Маси ја направи најголемата грешка со непочитување на правилата за безбедност возилото. На тој начин директно влијаеше на трката и борбата за титулата.
Во иднина две лица ќе имаат улога на директор на трката, а ќе имаат и дополнителна помош.