Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

Македонските натпреварувачи во Twingo Cup вчера го имаа првиот интернационален предизвик на патеката „Гробник“ во Хрватска на отворањето на новата сезона…

Нашите возачи се покажаа во фантастично светло и имаа одлични резултати во конкуренција на дваесетина странски возачи.

Денеска на „Гробник“ се возеа две трки. Во првата трка, најдобар пласман од Македонците имаше ланскиот шампион Мартин Делев, кој финишираше на 11 место со вкупно време од 23:55,003 минути. Владимир Треневски беше 16-ти, Слободен Трајковски 18-ти, Ангелче Стојковски (21), Давид Малинковски (23), Емил Нацка (24) и Мартин Костовски (25) .

 

Втората трка, одличен пласман обезбеди Емил Нацка, кој го освои шестото место со време од 22:44,442 минути, веднаш по него Владимир Треневски – осми, Давид Малинковски 10-ти,Ангелче Стојковски 22-ри додека Мартин Делев го имаше петтото место, но поради проблем во последниот круг со контакт на бомбината не ја заврши трката.

Нашите возачи за прв пат ја возат оваа патека и се натпреваруваа со возачи од Италија и Словенија кои четири години возат и тренираат на истата патека.

Учество земаа:

  • АКК Рено Спорт
  • Кастум Кар
  • АКК Свифт Рејсинг

Тркачкиот викенд на „Гробник“ продолжува денес (23 февруари). На програмата во утринските часови се предвидени тренинзи, квалификациите се од 10 до 11 часот, а потоа следува и четири часовна трка во издржливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000