Mакедонските возачи на TWINGO CUP

Викендов со нов интернационален  предизвик на тркачката патека во Серес, Грција.

AKK RENAULT SPORT како организатор на RENAULT TWINGO CUP и официјалните претставници на LEMA Racing Ви најавуваат уште еден интернационален настап за TWINGO CUP натпреварувачите и тоа на тркачката патека во Серес, Грција викендов на 26.06.2021 и 27.06.2021 год.

Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.

Пријавени се вкупно 23 возила од: Словенија, Унгарија, Србија и 10 Македонски натпревaрувачи: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Во продолжение ви ја претставуваме стартната листа:

Официјалната програма на натпреварите е следна:

26.06.2021 год. (Сабота)

08:00-10:00 Верификација и технички преглед

10:00-12:00 Слободен тренинг

12:00-13:00 Квалификации

13:00-15:00 Пауза за ручек

15:00-17:00 Прва трка

17:00-18:00 Церемонија на доделување на награди

 

27.06.2021 год. (Недела)

10:00-12:00 Слободен тренинг

12:00 – 13:00 Пауза за ручек

13:00- 15:00 Втора трка

15:30 Церемонија на доделување на награди

По четири извозени трки во генералниот пласман во првенството на Македонија првото место го делат Давид Малинковски и Ангелче Стојковски кои имаат по 52 бода, додека пак на третото место е Мартин Костовски со 42 бода.

 

Следниот меѓународен натпревар каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ е закажан во Гробник – Хрватска од 23 – 25.07.2021 додека пак  финалната трка за заокружување на сезоната е закажана повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ  во  организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува baby Jeep

Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник

Abarth F595

Салонот во Париз се враќа идната 2022 година

Dacia: Светска премиера на салонот за автомобили IAA Mobility 2021 во Минхен

Ioniq 5 стана најпродаваниот Hyundai на електричен погон досега

Од ноќеска на полноќ поскапуваат само бензините

Политиката го победи спортот на тркачката патека во Серес , Грција

Прв увид во новиот дизајн на F1  болидите