Mакпетрол ги објави цените на горивата на своите пумпи!

Макпетрол пристапи кон слободно формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати на своите бензински станици и за истите, со вклучени реални трошоци и сите давачки, ја информира јавноста

„Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност дека, по настапувањето на периодот во кој „Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)“ не донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно досегашната Методологија, а бидејќи истата престана да важи и имајќи предвид дека РКЕ јавно се произнесе дека  нема да определува највисоки цени на нафтените деривати до носењето на нова методологија, „Макпетрол“ АД Скопје пристапи кон формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати кои се достапни на бензинските станици на Компанијата.

Методологијата по која „Макпетрол“ АД Скопје ги формираше новите највисоки малопродажни цена на дериватите е светски призната методологија, која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите.

Како корпоративно општествено одговорна компанија, постојано работиме на тоа нашите потрошувачи навремено да бидат информирани за сите новости, како и да им овозможиме најквалитетни горива по најприфатливи цени, па така, ќе важат следниве цени на нафтените деривати:

–           Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 71,00 денари за литар;

–           Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар;

–           Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена  од 64,00 денари за литар;

–           Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар;

–           Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,00 денари за литар.

Согласно нашите пресметки, кога цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија, истите би биле повисоки од горенаведените цени кои се определени согласно Методологијата применета од  „Макпетрол“ АД Скопје.

Имајќи го предвид горенаведеното, неосновани се покажаа стравувањата на одредени институции и поединци дека либерализацијата на цените на пазарот на нафтени деривати би предизвикало ценовни шокови, односно нивно поскапување.

 

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи и во иднина да работи со желба да овозможи најдобар квалитет на нафтените деривати и услугите за сите наши потрошувачи по најповолни цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда