Макс Бјаџи постави брзински рекорд со електричен мотоцикл

Вселенскиот центар Кенеди во Флорида неодамна беше домаќин на Макс Биаџи и тимот Venturi, кои поставија нов светски брзински рекорд во категоријата електрични машини на електричниот мотоцикл Voxan Wattman…

Брзината која Voxan Wattman ја достигна изнесувала неверојатни 456 км/ч!

Интересно е што „ римскиот император“ го надмина претходниот рекорд за 48 км/ч, што исто го држел.

Шест дена Venturi ја користел машината во варијанти со и без оклоп, со и без товар, што го става во неколку различни категории.

Според GPS на самиот мотоцикл, тој во едно од возењата достигнал 466 км/ч (рекордот е просечната брзина при две возења), а во варијантата без оклоп Vatman достигнал брзина од 366 км/ч.

Со товарот, кој ја зголеми тежината на над 300 kg, мотоциклот не можеше да надмине 407 km/h.

Сето ова со голем интерес го следат White Motorcyle Concepts, чиј WMC250EV треба да го предизвика Бјаџи следната година.

Потерата по брзински рекорд продолжува, но засега Макс Бјаџи е сигурен на тронот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Редок класичен Chevrolet Corvette