Малопродажните цени на горивата повторно одат по нагорна линија!

Како и секој понеделник. така и денес, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се регулираат малопродажните цени на горивата на пумпите во земјата, при што истите, од ноќеска на полноќ ќе поскапат…

По минатонеделното минимално и делумно поевтинување на бензинските горива, Регулаторната комисија за енергетика  (РКЕ) со својата најнова одлука ги поскапи цените на горивата во земја, но тоа нема да ги зафати сите горива, а и зголемувањето е минимално, за 0,92 % во однос на цените во минатата недела.

Во согласност со тоа и со методологијата за утврдување на цените, од ноќеска на полноќ поскапуваат бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизелот и тоа за  половина денар, а бензинот Еуросупер БС-98 останува на исто ниво .

Така, од ноќеска на полноќ, па во наредните седум дена, Еуросупер БС-95 ќе счини 67,50 денари,  Еуросупер БС-98 си останува непроменета 69 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили