Марката Jettа, е Dacia на VW!?

Во март тековната 2019 година во градот Ченгду, на југо – запад на Кина, Volkswagen ги претстави првите модели на евтин автомобилски бренд-Jetta, што еден месец потоа- април беа покажани и на светот на салонот за автомобили во Шангај …

Намерата на Volkswagena е со Jetta да освои значаен дел од пазарот во најбројната со жители земја во светот во сегментот на ниско буџетски автомобили, каде доминираат домашните кинески автомобилски марки.

Речиси веднаш по лансирањето, почнала продажбата на два модела на Jettа: лимузината VA3 и компактниот crossover- моделот  VS5, а допрва се очекува да стартува и трет – crosover моделот VS7.

Тие автомобили се дизајнирани во седиштето на VW во  Wolfsburg (Волфсбург) Германија, a ќе се произведуваат во фабриката FAW-VW во Ченгду (Chengdu), Кина.

Двата автомобили не се ништо друго но ребрендирани модели на Volkswagen. Jetta VA3 e кинеска Volkswagen Jetta Night со малку изменето „лице“ и поевтина внатрешност.

Crossover Jetta VS5 e развиен на  MQB платформата на VW и е уште еден ребрендиран кинески модел наречен VW Tharu.

Продажбата на двата модела на Jetta почна во септември годинава, а завршната сметка за првиот пазарен месец ги надмина најоптимистичките очекувања на VW.

Имено, кинеските купувачи нарачале 11.080 возила од марката Jetta, односно 30 % повеќе од очекуваното на менаџерите на марката!

Повеќето купувачи се решиле за crossover VS5 моделот, што се продава по стартна цена од 81.800 кинески јуани (10.416 евра), но трговците не можат да се пожалат ниту на интересот за лимузината VA3 (основниот модел чини 65.800 јуан, односно 8.379 евра).

Аналитичарите на автомобилската сцена шпекулираат дека „експлозивниот“ успех на Jettа во Кина би можело да го поттикне Volkswagen на освојување на пазари.

Купувачи на „Daciа“ во рамки на VW сигурно би имало и во останатите земји ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler