Марко Блажевски – најдобар Македонски возач на тркачката патека во Гробник

АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес  ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското Renault Twingo CUP  првенство во Гробник, Хрватска…

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се најдоа во првите 10 и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во Македонскиот Twingo CUP.

 

Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона – Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед:

 

Зоран Мираковски е 19, Ангелче Стојковски – 21, Слободан Трајковски 22 и Емил Нацка 23, додека пак Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo CUP трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо на следниот линк:

TWINGO CUP powered by Glaso 2021 – Round 9 – Automotodrom Grobnik – YouTube

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Polestar со најава за три електрични автомобили до 2024 година

Цената на бензините одат долу, на дизелот расте

Ford Bronco можеби и на пазарите на Стариот континент

Македонците триумфираа со “еден – два” победа на интернационалната FIA CEZ трка на Twingo CUP во Гробник

Кими Раиконен заминува од F 1 оваа 2021 година

Автомобилите уште некое време ќе останат скапи

Toyota по четврти пат по ред го освои Le Mans

Специјална верзија на Porsche 911 GT2 RS

Одличен подвиг за перформанс изведба на „тројката“ на Аudi….