Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Според најавите од компанијата, новата ера на Maserati ќе вклучува и модели нарачана врз основа на нивната палета на производи, придружувајќи се на растечкиот тренд на уникатни и ретки конструкции меѓу врвните производители на автомобили…

Maserati, исто така, планира да лансира повеќе специјални изданија на своите модели, како одговор на потребата за дополнителна ексклузивност меѓу својата база на клиенти.

Maserati веќе нуди бројни опции за персонализација преку својата посветена програма Fuoriserie, како и Bentley преку Mulliner, Lamborghini преку програмата Ad Personam или Q by Aston Martin.

Како што докажаа неговите ривали, сопствените конструкции стануваат сè попопуларни и профитабилни, што го натера Maserati да влезе во играта. Италијанскиот бренд има богата историја, а многу икони од неговото славно минато чекаат да се преродат.

Давиде Данесин (Davide Danesin), главен инженер во Maserati, потврди за Top Gear дека иднината на брендот вклучува „прилагодени изданија“.

Данесин не навлегува во детали, но спомна хипер автомобили со ограничено производство како Ferrari Daytona SP3 и Lamborghini Countach LPI 800-4, создавајќи големи очекувања.

Идните уникатни или ретки модели на Maserati најверојатно ќе се засноваат на MC20 или неодамна претставениот GranTurismo, иако идните наследници на Levante и Quattroporte не може да се исклучат како основа.

Се очекува специјалните модели да имаат уникатно дизајнирани панели на каросеријата врз основа на сериските возила.

Тоа значи дека тие можат да бидат во изведба со мотори со внатрешно согорување или целосно електрични, во зависност од желбите на секој клиент.

Компанијата веќе ни даде навестување за својата идна стратегија со Project 24, хипер автомобил само за патека базиран на MC20 кој ќе се произведува во ограничена серија од 62 единици, секоја уникатно означена со програмата Fuoriserie.

Што се однесува до специјалните изданија, неодамна претставениот модел Maserati GranTurismo Trofeo Primaserie 75th Anniversary веројатно е предвесник на работите што доаѓаат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…