Maserati Ghibli наскоро ќе оди во пензија

Одговорот на Maserati на BMW Series 5 ќе биде во производство до крајот на следната 2022 година, а наследник на хармоничниот Ghibli како што сега стојат работите, не е планиран…

Според последните информации од добро упатени извори, помалата спортска лимузина што ја нуди италијанската премиум автомобилска компанија ќе остане до крајот на следната година.

Хармоничниот тритом (стилизиран тро-забец на богот на морето Нептун во логото на марката) Ghibli  потоа ќе се повлече и, како што сега стојат работите, нема да добие наследник.

Меѓу главните причини за напуштањето на спортскиот седан од страна на Maserati, кој го бараше своето место под сонцето меѓу сличните премиум модели од високата средна класа, е недоволната побарувачка, за што придонесе зголемената побарувачка за crossover/ и теренци.

Со заминувањето на Ghibli, празнината во целокупната понуда на Maserati ќе ја пополни помалиот crossover/ SUV модел Grecale, чија премиера се очекува напролет, а дел од спортските седан модели ќе го бранат поголемиот модел Quattroporte до понатамошно известување.

Како мало потсетување ќе речеме дека, третиот Ghibli беше премиерно претставен во 2013 година, а во сегашното редизајнирано издание на врвот на понудата е верзијата Trofeo чиј 3,8-литарски битурбо V8 мотор развива 580 КС и 730 Nm максимален вртежен момент кој се пренесува на задната оска преку осум (8)-брзински автоматски менувач.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Silvia се враќа 2025 година како EV

Toyota фабрички ќе ги преработува своите половни возила

Електричниот Mercedes EQS ќе се склопува во Индија

Jetour T-X

Во Германија испорачани 10,000 електрични MINI

Француска жандармерија Alpine A110

Во Словенија Nissan GT-R спасува (влече) шлепер!

Gordon Murray Automotive Т.33 најавен за 27 јануари

Alpine A110 Hybrid