Атлетичарот на Maserati сега е достапен и во варијанта „без покрив“.
Новиот MC20 го одведе Maserati во нова ера на италијанската марка, а сега MC20 Cielo, кабриолет, пристигна да помогне во продажниот успех на coupe моделот.
Cielo значи небо на на италијански јазик, што е јасно поврзано со фактот дека со притискање на копчето се отстранува покривот на овој кабриолет во рок од 12 секунди и се сместува во просторот предвиден на задниот дел од автомобилот.
„ Трозабецот Trident“ користеше специјална технологија за стакло која суштински ја менува нијансата, односно дополнително ја затемнува или ја прави потранспарентна, сето тоа со допир на прекинувач.
Навистина необична опција, дури и во екстравагантниот свет на супер автомобили…
Меѓутоа, кога покривот е „спакуван“, го покрива прекрасниот V6 мотор, кој инаку е видлив во coupe моделот што е можеби една од недостатоците на изгледот на ова возило.
Maserati одлучи да понуди поставување на џиновски амблем на автомобилот како опција, иако тоа е видливо само од перспектива на птица, односно одозгора.
Се разбира, како и кај повеќето од овие конверзии, моделот малку се здебелил, односно добил дополнителна маса…
Во овој случај, се здебелил околу 65 кг, а вкупната тежина му е 1.540 кг. Поради поголемиот број килограми, перформансите се „влакно“ полоши отколку во coupe моделот.
Моќноста остана иста, па така MC20 Cielo располага со моќност од 630 КС и 730 Nm, наксимален вртежен момент, но овде дава за нијанса послаби перформанси.
Спринтот од 0 до 100 км/h завршува за точно 3 секунди (coupe верзијата од 2,9 секунди), додека 200 км/ч се постигнува за 9,2 секунди или четири стотинки побавно од стандардниот MC20.
Maserati исто така истакнува дека Cabriolet креацијата е способен да достигне топ брзина од 320 km/h, додека максималната брзина на Coupe моделот надминува 325 km/h.
Цената се уште не е објавена, но најверојатно ќе биде повисока од цената на Coupe верзијата која лини „само“ 210 илјади европски банкноти.
Па по се она што е речено и покажано можеме да констатираме дека познатата италијанска марка чекор по чекор се враќа кон своите славни корени, а ние можеме само да им посакаме многу успех на тој пат.