Реномираната благородна автомобилска марка од Италија – Maserati со единствен примерок наречен GranTurismo Zeda го одбележа крајот на 12-годишното производство на поуларниот GranTurismo модел…
Тоа е прекрасна креација со уникатен надворешност во три бои, за кој се погрижи дизајнерското студио на марката Centro Stile Maserati, со преден дел обоен во традиционалната Maserati Blue боја, а завршува со лесен сатенски финиш.
Тквата консталација треба да го потенцира фактот дека GranTurismo Zeda е мост што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината на овој бренд, а направен е како омаж на запирање на производството на прекрасниот Gran Turismo.
Потсетуваме GranTurismo од неговото лансирање во 2007 година, е произведен во повеќе од 40.000 примероци.
Под капакот на моторот нема промени бидејќи е имплементиран турбо бензински мотор со работен волумен од 4.7-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, а развиен од експертите на Ferrari , што испорачува моќ од 460 КЅ.
Одлуката за тоа дали автомобилот ќе биде здржан во приватната колекција на компанијата или ќе оди во рацете на некој колекционер сеуште не е позната.
Како и да е станува збор за вистинско уметничко дело што е показател за почетокот на новата ера за 105-годишниот италијански кармејкер.