Maserati Grecale пристигнува 16 ноември

Минатата година, Maserati ги објави своите планови за неколку нови возила за кои се најавува дека ќе бидат развиени, електрифицирани и произведени во матичната земја на популарниот автомобилски бренд со стилизиран тризабец на богот на морињата и океаните -Нептун во логото – Италија…

Ова се модели со комбинација на типични карактеристики на возење на Maserati. Не се објавени сите детали, но се најавува дека ќе има водечка улога за брендот благодарение на иновативните технологии.

За почеток, тука е идниот теренец Grecale (именуван по медитеранскиот ветер), кој ќе биде само малку помал од сегашниот SUV модел на марката со име Levante.

Оваа новина ќе се произведува во фабриката Касино, додека нејзината премиера е најавена за 16 ноември тековната 2021 година, во Милано.

Потсетуваме, Grecale ќе се базира на платформата Giorgio што, меѓу другото, ја користи Alfa Romeo Stelvio.

Според претходните најави, новиот Maserati ќе има распоред на тежина 50:50, најдобар сооднос моќност / тежина во својата класа, лесна платформа и „супериорно“ управување а се разбира и перформанси за ваков тип на возило.

На почетокот од својот пазарен живот Grecale ќе биде достапен со 2.0-литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри, со моќност од  284 КС и 415 Nm максимален момент на вртење.

Се најавува (неофицијално), дека ќе има и 2,9-литарски twin-турбо мотор со шест цилиндри поставени во конфигурација на латинската буква V, со моќност од 512кс и 600Nm, додека пак во наредната 2022 година ќе пристигне и потполно електричната верзија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Lexus LX

Подновување на Ford Focus!

Нов BMW Series 7 и електричната верзија i7

Ford Tourneo Connect

Подновена Подновена KIA Forte

Најнови слики Škoda Slavia

Zero Motorcycle

Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите