Maserati ќе биде верен на класичните мотри со внатрешно согорување!

Италијанскиот производител на луксузни спортски возила Maserati никогаш нема да се откаже од употребата на мотори со внатрешно согорување во своите модели

Интересната „констатација, неодамна ја обзнани шефот на американската подружница на бренсот Ал Гарднер.

Врвниот-менаџерот бил категоричен дека компанијата почнува да развива мали и plug-in хибриди, како и електрични возила, но нема да престане да ги користи моторите со внатрешно согорување и тие секогаш ќе бидат дел од нејзината палета, додавајќи дека сегашните модели на брендот ќе бидат целосно надградени до 2022 година.

„Сите модели на Maserati ќе бидат електрифицирани на еден или друг начин, а процесот ќе почне со нашиот нов crossover, што ќе дебитираво март 2020 година на Салонот во Женева  и ќе се позиционира  под Levante во нашата палета“, објасни Гарднер.

Тој исто така  призна дека Maserati и FCA, во моментот имаат сериозни проблеми и дека во првите три месеци од тековната  2019 година, продажбата на групата опадна за 29%. Кај производителот на луксузни автомобили работите се уште полоши, каде за овој период се продадени едвај 149 примероци, што е за 45,5% помалку од истиот период на 2018 година.

„И покрај се, Maserati останува бренд кој не може да постои без мотори со внатрешно согорување, бидејќи има потреба од груби емоции и тоа е единствениот начин за да ги обезбеди“, констаирал Гарднер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштена во употреба обновената бензинска станица на Макпетрол во Куманово

FREEDOM TO MOVE караванот на Volvo Cars за прв пат во Скопје

Maкпетрол со известување за нови цени на нафтените деривати

Bentley го најави новиот Flying Spur!

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Новите MINI John Cooper Works Clubman и Countryman, со над 300 КЅ

Hyundai и KIA инвестираат 80 милиони евра во Rimac Automobili!

VW I.D.3 предизвика вистинска манија на  пазарот!

Пристигаат електрични Porsche Boxster и Cayman