Maserati ќе се врати во мотоспортот за да се приклучи на Формула Е како нов производител од сезоната 2022-23, според прописите на Gen3…
Италијанската марка ќе ја заврши својата долга пауза од трките со едносед за да се приклучи на Формула Е следната година, во партнерство со тим што допрва треба да се објави – аранжман сличен на брендот DS на Stellantis и неговиот договор со Techeetah, пишува Motor1.
За понатамошен развој на своите производи за мотоспорт, Maserati ќе развие сопствен Gen3 погонски агрегат – кој ќе произведува 350 kW моќност покрај стандардниот погон од 250 kW.
„Денес, брендот Maserati се враќа во иднината, враќајќи се на своите корени во трката“, рече извршниот директор на Maserati, Давиде Грасо (Davide Grasso) во обраќањето до медиумите.
„Исклучително сум среќен и возбуден што можам да објавам дека Maserati е првиот италијански бренд кој се приклучи на шампионатот во Формула Е во 2023 година. Нема подобар начин да се започне новата година“.
„Ова е веројатно еден од најголемите денови во историјата на шампионатот АВВ Формула Е, да се има бренд иконски како Maserati со тркачко наследство“, додаде основачот и претседател на Формула Е, Алехандро Агаг (alejandro Agag).
„Одлично е да се има италијански тим во атрактивниот АBB Формула Е шампионатот.
И знаете, поминаа неколку сезони, поминаа неколку години, но мислам дека не може да има подобар бренд, подобар тим за да влезе во првенство отколку Maserati“.