Maserati објави рендери на Project24, претстојната тркачка верзија на супер „спортистот“ MC20….
Италијанската компанија најавува дека ќе направи ограничена серија од само 62 примероци од Project24, но засега не се соопштени неговата цена и датумот на испорака.
Сепак, познато е дека Project 24 е придвижуван од 3.0-литарски Nettuno V6 мотор со пар нови турбо-полначи, па моќта сега е 552 kW/740 КС.
Project24, исто така, располага со шестстепен секвенцијален менувач, механички диференцијал со само-заклучување, прилагодливи амортизери и стабилизатори, потоа, Brembo карбон-керамички сопирачки и 18-инчни тркала.
Centro Stile Maserati го измени MC20 за да го направи поспособен на патеката. Напред, фаровите од патната верзија ги нема, додека масивниот отвор на хаубата помага да се насочи воздухот над телото.
Предниот сплитер и задното крило се прилагодливи за дотерување на аеродинамиката на патеката.
Maserati исто така ги помести издувните цевки повисоко на задниот браник за да може дифузорот да биде поголем.
Maserati планира Project24 да тежи помалку од 1.250 килограми. Само колку за споредба, патниот автомобил MC20 тежи 1.500 килограми.
Бидејќи ова е возило само за патека, Maserati ја соблече внатрешноста на MC20 за да го создаде Project24.
Кабината има безбедносен кафез кој е во согласност со прописите на FIА и апарат за гаснење пожар.
Возачот е врзан со појаси со шест точки, а за него е наменет и мултифункционален волан од карбонски влакна.
Исто така, има прилагодлив тркачки ABS и контрола на тракција.
Дополнително, купувачите ќе можат да додадат совозачко седиште, задна камера, телеметриско снимање, камера во автомобилот, екран за оптимизација на перформансите на возењето и систем за следење на притисокот во гумите.
Конечно, клиентите на Project24 ќе добијат пристап до тркачки настани поддржани од Maserati.