Maserati разцива мал спортист врз база на Alfa 4C

Доколку не ви е јасно што е тоа што камуфлирано се тркала низ Viale Ciro Menotti – одговорот е новиот Maserati со нов вентрално инсталиран мотор на Maseratij! , така барем тврдат од седиштето на компанијата Maserati, во Модена!

Вака гледано од прва е јасно дека станува збор за рециклирање на Alfа 4C што многу соодветно е пензионирана минатата нједела!

И од Maserati исто така минатата недела го „пензионирале GranTurismo и го пресели производството во Торино додека не ја склопи во комплет својата фабрика.

Неделава од Maserati објавија дека почнуваат да развиваат сопствени погонски мотори а веднаш по тоа се појави и оваа камуфлирана Alfa пред фабриката на Maserati! Дали е сето тоа случајност, или, пак сето има добро испланирана заднина?

Од FCA Групата (пред се мислиме на FIAT) внимателно го проучуваа своето портфолио и „пронашле“ неискористен „празен простор“– каде во моментов се пласираат Porsche 718 Cayman/Boxster, Lotus Evora и Audi TT – односно мали coupé модели со моќност од 300 или повеќе KS.

Тоа пак значи и дека Maserati има отворен распоред, Alfa има преубава карбонска када тешка само 65 kg, а Ferrari има задача да произведе (на прв поглед) оригинален biturbo мотор со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, под логото на Maserati – исто како што правеше и со 2,9 – литарсиот biturbo мотор со шест цилиндри во конфигурација на латинската буква  V за Alfа!

Изборот на овој „споертист“ не е случаен, освен што цели на најпопуларнрната спортска гранка има и директни врски со традицијата на производство на убави автомобили со централно поставен мотор на  Maserati.

Малиот Maserati пристигнува една година пред големото coupé моделот Alfieri и би требало да биде силна најава за јакнење на брендот и логото со трозабец на Нептун во светот на супер спортските автомобили.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре почнува новата сезона на специјалот Grand Toura наречена Seaman!

Aston Martin ќе соработува со  Airbus

Murray Т50 во мај 2020

Ексклузивно: Новата  Mercedes-Benz GLA во чекор со дигиталните трендови

Тркач на струја со 400km/h што со едно полнење на батерии поминува 1000km

Целта на Jeep е  да биде „нај зелениот“ SUV бренд до 2022 година

Jaguar I-Pace со поголема автономија!

Пристигнува и мал Land Rover!

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km