Maserati со одлука што може скапо да го чини- нема повеќе да користи мотори од Ferrari!

Maserati и Ferrari соработуваат со години, а плодот на нивната соработка може да се види и слушне под хаубата на Maserati, но на таа убава приказна и дојде крајот…

Познатиот италијански бренд со трозабец на богот Нептун во логото, доживеал и подобри денови, а сега може да биде егзистенцијално загрозен, пишуваат специјализираните портали.

Имено, многумина ги сакаат моделите на Maserati заради тоа што го имаат под капакот на моторот, а тоа  е агрегат направен од Ferrari.

Соработката наскоро ќе заврши, што значи дека моделите на Maserati веќе нема да имаат 3,0 V6 и 3,8 V8 мотори од Маранло.

Како што пишува Automotive News Europe, од Maserati ќе понудат нивни сопствени мотори.

И, тоа не би било толку страшно ако концептот на моторот со V8 конфигурација не беше исфрлен од игра.

Планот за развој оди во правец на моторот 3.0 V6 и, сега внимавајте, 2.0-литарски со четири цилиндри.

Тоа секако ќе ја намали емисијата на стакленички гасови, како и потрошувачката на гориво. Но, тоа, најверојатно не е важно за секој сопственик на Maserati.

Нов сопствен агрегат за топ перформанси

Затоа новите модели, и тоа GranCabrio, GranTurismo и новиот SUV, ќе имаат 3,0 V6 агрегати, со моќ од над 520 КС, но Италијанцит подготвија свој Top Gun погонски систем што ќе го добие спортскиот MC20, во вид на централно поставен мотор.

Имено во срцето на италијанскиот спортски суперавтомобил се наоѓа 3,0-литарскиот V6 twin-turbo мотор, кој е целосно развиен од страна на Maserati со помош на технолошки карактеристики од Formula 1. Со тежина под 220 килограми, моторот испорачува 629 КС при 7.500 вртежи во минута и 730 Nm максимален вртежен момент од 3.000 до 5.500 вртежи во минута. Новиот мотор го носи името Maserati Nettuno.

Новиот агрегат има предкоморен согорувачки систем со twin-spark свеќички, прв од ваков вид за мотор наменет за патиштата. Поставен меѓу класичната согорувачка комора и централната електрода, конектиран преку неколку специјално дизајнирани дупки, предкомората се спојува со латерална свеќичка, која користи традиционална свеќичка за поддршка при согорување кога работи на ниски нивоа.

Twin-injection системот, директно и индиректно, помага при намалување на бучавата, додека исто така ја подобрува потрошувачката на гориво и ги намалува CO2 емисиите. Дизајниран во погонот на компанијата во Модена и развиен од страна на Engine Hub, каде што исто така ќе се произведува, новиот мотор е „заштитен од интернационални патенти“.

Секако, предвидена е и електрифицирана верзија на моторот со шест цилиндри, а од техничка гледна точка, познато е дека ќе користи Turbulent Jet Ignition технологија од Formula 1, што во автомобилите овозможува зголемување на ефикасноста на моторот до неверојатни 50%.

Четири цилиндри – достојно за спортска икона?

Информацијата ќе ја завршиме со податок што ќе предизвика горчлив вкус кај поклониците на Maserati.Одн осно ќе кажеме нешто и за моторот со четири цилиндри и работен волумен од  2.0 литри.

Тој агрегат доаѓа од понудата на Jeep и Alfa, во чии модели испорачува моќ од 275 КС., но во Maserati Ghibli, ќе се развие уште повеќе, во форма на меки (mild) хибриди од 48V.

Повеќе информации за овој мотор ќе бидат познати кон средината на тековниот месец јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Внатрешноста на новата Mercedse S Class

Mazda MX-30 e-Skyactiv G со mild-hybrid погон

Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV