Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Мултимилијардерот и најголем акционер на Tesla Елон Маск (Илон Маск) сака да постигне невидена ефикасност. Со својата последна објава на Тwitter тој повторно предизвика поплава од коментари.

Имено, тој напишал дека сакал сервисот да биде завршен во истиот час кога возачот ќе го остави електричниот автомобил на работилницата.

Маск како пример ги споменува тимовите на механичарите во Формула 1 кои се исклучително брзи во решавањето на сите проблеми.

Ова не е прв обид Tesla да се обиде да постигне висока ефикасност и брзина во услугите, потсетуваaт специјализираните портали. Во 2015 година, компанијата го ангажираше Кени Хендкамер ( Kenny Handkammer)  , ветеран во Ф1 и поранешен главен механичар на Red Bull Ricing, како глобален директор за иновации на услуги.

Handkammer имплементираше брзи сервисни патеки инспирирани од F1 за да го намали времето на чекање.

Сега целта, очигледно, е дополнително да се намали времето на сервисирањето.

Фактот дека има електрични автомобили кои бараат многу помалку работа, исто така, му помага на Tesla да постигне поголема брзина на пружање на услугата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept