Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

Извршниот директор на Bugatti Rimca вели дека побарувачката за нивните скапи возила не покажува знаци на намалување.

Набргу по претставувањето на Bugatti W16 Mistral вреден 5 милиони долари, Мате Римац јуниор рече дека нивните клиенти не покажуваат знаци на забавување на нивните трошоци, без оглед на моменталните стравови од рецесија.

„Во моментов не гледаме никакво забавување, токму спротивното“, изјавил Римац за CNBC. „Со Bugatti сме распродадени до 2025 година. Така, дури и ако (рецесијата) потрае неколку години, ќе излеземе од неа уште посилни“.

Побарувачката за нови модели на Bugatti се рефлектира во фактот дека сите 99 примероци на W16 Mistral беа продадени до моментот кога беше претставен на јавноста за време на неделата на автомобили во Монтереј.

Римац истакна дека е „малку изненаден“ што се распродаде толку брзо, истакнувајќи дека повеќето купувачи доаѓаат од САД, пишуваат новинските агенции.

Секако, не се само новите модели на Bugatti и Rimac кои ја движат марката. Всушност, најголемиот двигател на растот е Rimac Technology, која продава технологии за батерии и електрични возила на Porsche, Aston Martin, Hyundai и други големи производители. Rimac Technology има околу 1.000 вработени и развива технологии за самоуправувачка „роботакси“ (robotaxi) за кои Mate Rimac верува дека ќе се покажат важни во услови на недостиг на суровини.

„Ограничување број еден е да имаме доволно материјал и синџир на снабдување за флотите што ги имаме на глобално ниво“, рекол тој. „Повеќето луѓе не сакаат да поседуваат автомобил ако постои попогодна, побезбедна опција која ве носи од точка А до точка Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наследникот на Nissan Leaf ќе биде crossover

Колку време е потребно бришачите на шофершајбната да станат неупотребливи?

Aston Martin ги откажа плановите за Vanquish со среден мотор

Новиот Daihatsu Taft како ривал на Suzuki Jimny?

Истражување: Кои возила се посигурни, електричните или дизелите и бензинците?!

Електричен BMW M3 ќе го носи името iM3!?

Земја во која  е забрането да се вози во зимска јакна/капут?!

Во Германија сега е дозволено да се користи дизел гориво што не содржи нафта

Електричнaтa Mercedes G Class се врти во место!