Брендот Maxus, во сопственост на кинескиот концерн SAIC, најавува почеток на продажбата на моделот V70 MPV за следната 2023 година…
Должината на V70 е 4998 mm, ширина 2030 mm, висина 2035 mm, додека растојанието помеѓу оските изнесува 3000 mm.
Засега нема слики од внатрешноста, но во најавата се вели дека главната карактеристика е мултимедијалниот систем на таблетот кој се издига над предниот панел.
Списокот на стандардна опрема вклучува влез без клуч и стартување на моторот со копче, електрична рачна сопирачка, загреана шофершајбна и греење на воланот и предните седишта.
Во првата фаза, Maxus V70 ќе се нуди со внатрешност со пет, шест или девет седишта.
V70 е придвижуван од 2.0-литарски турбодизел мотор со четири цилиндри со моќ од 126 КС, поврзан со мануелен менувач или со девет – степен автоматик. Погонот е на предните тркала.
Повеќе информации следуваат по официјалната премиера.