Mazda CX-5 во новата генерација во 2022 година доаѓа како СХ-50

Јапонскиот SUV модел наскоро би можел да добие нова генерација, се вели во извештаите на неколку стручни медиуми од Далечниот исток.

Минатата година на Интернет се појави информација дека Mazda доставила барање за заштита на името CX-50, а сега има најави од Јапонија дека навистина ќе има промена на името.

Новата генерација ќе донесе промени. За почеток, таа ќе користи комплетно нова платформа што Mazda ќе ја претстави со претстојната генерација на „шестката“. Оваа архитектура овозможува погон на задните тркала.

Се верува дека во понудата ќе бидат опфатени низа конвенционални погонски единици на мотори со внатрешно согорување – SUS, со четири или шест вградени цилиндри, при што клиентите ќе можат да се одлучат и за некои од plug-in хибридните склопови. Наводно, воведната единица за бензински мотори би била 2,5-литарскиот мотор, а за дизел погонската единица со 2,2-литарска погон.

Над нив, во понудата би биле три-литарска со шест цилиндри, во линија, со технологијата SkyActiv-X на Mazda, а на помош ќе му пристигне 48 V систем. Можно е уште еден мотор со шест цилиндри во ред да биде вклучен во гамата на погонски единици, овој пат тоа би бил 3,3 -литарски дизел мотор.

Кога станува збор за стилот, се очекуваат промени и надвор и внатре.Mazda, наводно, сака да го направи CX-5, или CX-50, уште поагресивен, и дека овој SUV добил повеќе coupe лик, што станува се повеќе популарна кај производителите на големи серии.

Промените во дизајнот треба да го имитираат тоа што го видовме кај помалиот модел на Mazdа, популарниот crossover -CX-30. Јапонскиот бренд треба да ги објави плановите за CX-50 следната година, или најдоцна во 2022 година.

Се очекува дека набргу по премиерата на новата генерација на „шестката“ во 2022 година, Mazda  набргу потоа ќе го покаже и новиот CX-50.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !