Mazda го продолжува животот на Wankel моторот преку  REX

Системот за зголемување на досегот на електричниот погон ќе овозможи на електричниот модел MX-30 значително зголемување на автономијата и функционалноста како и независност во однос на станиците за полнење…

Револуционерниот мотор што ротира – Wankel, наречен според конструкторот Феликс Ванкел (Felix Wankel) своја премиера имал на 12 септември 1963 година, во моделот NSU Spyder, a станал светска сензација во NSU Ro 80, но за жал се покажал проблематичен и не перспективен  и во суштина ја урнисал компанијата NSU.

Помеѓу многуте што му давале доверба и правеле обиди со него  почнувајќи од Citroën и GM, до Mercedes-Benz и Rolls-Royce, единствениот, кој, покрај NSU, го пуштил во погон e Mazda.

Нивниот модел 110 S Cosmo покажа како Јапонците можат и знаат да го унапредат изворниот концепт (практично го решиле проблемот на трајноста, a делумно и на потрошувачката) и тој мотор заживеа низ серијата RX.

Но преголемата потрошувачка и проблемите со емисијата, што во многу земји беа бариера за нивна продажба, ги принуди челниците на производителот од Хирошима во  2011 година да го повлечат моделот RX-8 (последен што користел wankel мотор) од европскиот а набргу и од јапонскиот пазар. Многу се пишувало и шпекулирало дека Mazda целосно се откажала од овој погон, но сега се јавува перспектива што најавува нова ера на овој интересен и специфичен погонски концепт.

Имено компанијата од Хирошима иднината ја гледа низ два концепта: прво како мек хибриден SkyActiv-X, со 48-волетен систем, a вториот електричен. Во тој сегмент се крие блескава можност за иднина на Wankel моторот, што се испитува во комбинација со погон на хидроген. Неговата компактна изведба ќе овозможи концепирање на посоодветен систем REX (Range Extender, за зголемување на автономијата на електричниот погон, практично неограничено.

Имено, за моделот MX-30 се подготвува систем од Wankel мотор и генератор што со дополнителен резервоар со капацитет од 25 литри ќе може двојно, тројно , да го зголеми досегот на електричниот погон, a со полнењето на бензинските на секој 300 до 400 km ќе може да се вози неограничено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанската полиција во флота добива и Suzuki Jimnу!

Maserati GranTurismo Zeda

Lexus  сопроизведен целосно електричниот модел за 10 дена во Кина

Кои се доверливи а кои треба да се избегнуваат, покажа TUV прегледот на 9 милиони возиламодели

Нови официјални скици на идната генерација на Kia Optima

Интригантно – Можно Peugeot 608 на FCA Maserati платформа

Можно повторно заживување на Lotus Elan!

Јапонците направија супер спортски автомобил од цеулоза

Renault Arkana – може да биде француски BMW Х4 во Европа до 2021